Sunday 26 February 2012

a


Nora
Француската министерка за здравство се обидела да се извлече од незгодната ситуација откако беше исмеана на социјалните мрежи заради препораката до бездомниците за време на поларните студови да не излегуваат надвор.

Министерката Нора Бера во блогот овој викенд напишала дека малите деца, постарите лица, болните и бездомниците за време на екстремните студови да избегнуваат излегување на отворено.

Нејзиниот коментар предизвика лавина пораки на Твитер и другите мрежи заради препораката до бездомниците да не излегуваат надвор.

Бера се обидела да ја намали штетата така што преку Твитер испратила линк на променетиот текст во кој бездомниците повеќе не се споменуваат.

Последните денови ширум Европа од студ починаа стотина луѓе, од кои повеќето се бездомници.

Многу француски градови отвориле дополнителни засолништа за да можат бездомниците да се засолнат од зимата. /крај/хн/ст
Add to Cart More Info